
Еве како да се погрижите за психичкото здравје доколку останете без работа!
Оваа година дефинитивно е многу постресна од претходните во цел свет и тоа може да се одрази на секој на различни начини, па токму затоа, ничие прихичко здравје не е целосно безбедно. Доколку на сето тоа се додаде и евентуалната загуба на работата, работите уште повеќе ќе отежнат.
Препорачано
Отказот може да биде стресен дури и кога се останато во животот ви оди според планот, а не па кога станува збор за глобална пандемија и општа небезбедност. Не е срамота да се признае дека ни е тешко и дека сме загрижени за своето ментално здравје, но добра вест е дека не сме ниту целосно немоќни во оваа ситуација. Доколку во било кој случај ви се случило да останете без работа или сте во опасност од тоа, психолозите имаат неколку корисни совети.

Така Ема Мамо вели дека работата и кариерата за многумина од нас не се само извор на приходи, туку и дел од нашиот идентитет кој придонесува во нашата рутина и тоа да се чувствуваме дека допринесуваме во општеството. Загубата на работата носи големи и различни, многу интензивни чувства и потребно е време да се навикнеме на тоа. Таа советува луѓето на себе си да си дадат време и простор, односно општо да станат свесни за тие чувства, па дури тогаш да побараат начин да се изборат со нив. Исто така е многу важно за сето тоа да зборувате со некој, бидејќи поддршката тука е незаменлив дел од здравите реакции.
Тоа што највеќе може да биде погодено е нашето ниво на самодоверба, особено за луѓето кои целосно се пронаоѓаат во својата работа и кариерата. Во тие моменти треба да се запрашаме што е тоа што понатака го сакаме во животот и како барањето на нова работа ќе ни помогне во тоа. Тука мораме да го земеме во предвид она во што сме најдобри и да си повториме на себе си се што знаеме, односно што се сме научиле. Можеби нема веднаш да пронајдеме нова работа, но мора да бидеме добри кон себе и да ги препознаеме сите наши достигнувања, не само на професионален, туку и на приватен план.

Еден од начините да ги подобриме своите шанси во иднина е да научиме и некои нови вештини доколку имаме прилика. Покрај тоа, треба да се фокусираме и на тоа што е под наша контрола и на што можеме да влијаеме. Освежете го вашето CV, контактирајте ги поранешните колеги и познаници кои можат да ви дадат некоја корисна информација или да ве упатат во вистинската насока. А бидејќи парите се еден од главниот извор на стрес во овие моменти, можете да направите и евиденција на финансиите и да креирате некаков вид на буџет, барем краткорочен план за трошење на парите, скромен, се додека не најдете нова работа.
Повторувајте си на глас, јас сум најважен, најважно е моето здравје, мојот ум и мојата благосостојба, билдајте самодоверба и полека но сигурно креирајте патека кон новото работно место.