Каспер Кисум/фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот и со Каспер Кисум

Во текот на вчерашниот ден ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека спогодбено го раскина договорот со Андреас Јохан Нилсен.

Денеска актуелниот македонски шампион објави дека е постигната спогодба за раскин на соработката со уште еден дански интернационалец, Каспер Кисум (31).

Како што известуваат од Битола, во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 Кисум ќе настапува за друг клуб.

Левиот и среден бек остави силна трага во дресот на Еурофарм Пелистер и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.

Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот