Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер се раздели со уште еден ракометар, си замина и Дарко Стевановиќ

Во претходните два дена Еурофарм Пелистер го напуштија данските ракометари Каспер Кисум и Андреас Јохан Нилсен, а денес битолскиот клуб потврди дека ја раскинува соработката и со Дарко Стевановиќ.

Стевановиќ во клубот дојде пред десет месеци од редовите на Мешков Брест.

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја известува јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Десет месеци по неговото доаѓа во нашиот клуб од Мешков Брест, левиот бек ќе тргне по нов предизвик, за што му посакуваме успеси и многу среќа.

26-годишниот Стевановиќ со Еурофарм Пелистер го освои шампионатот на Македонија во сезоната 2022/23, а настапуваше и во СЕХА лигата, домашниот шампионат, национален Куп и Суперкуп.

Очигледно актуелниот шампион во вториот дел од сезоната ќе влезе со многу промени во ростерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!