Еурофарм Пелистер ѕвездите на ПСЖ ќе ги дочека во полна сала

Екипата на Еурофарм Пелистер во минатото коло ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тоа не ги спречи фановите да ја исполнат салата.

Имено, битолскиот клуб потврди дека билетите за натпреварот против Пари Сен Жермен кој се игра в четврток од 20:45 часот се распродадени и салата ќе биде исполнета до последното место.

„Спремно е да започне уште една луда претстава…“, најави Пелистер.

Ќе потсетиме, ПСЖ од клупата е предводен од Раул Гонзалес, поранешниот тренер на Вардар кој со црвено-црните успеа да ја освои и Лигата на шампионите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот