путин и лукашенко
Претседателите на Русија и Белорусија, Путин и Лукакшенко/ Фото EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / POOL

ЕУ размислува за воведување нови санкции кон Белорусија

Чешкиот премиер Петр Фиала, чија земја во моментов претседава со Европската унија, по враќањето од Киев рече дека ЕУ може да ја санкционира и Белорусија, сојузникот на Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина.

Белорусија вели дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руските трупи да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како задна база за нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Сега ја испитуваме улогата на Белорусија и потенцијалната потреба таа да стане цел на санкции“, изјави Петр Фиала.

Чешката влада на 7 октомври објави дека на 31 октомври во Киев ќе се одржи заеднички состанок со украинската влада.

„Некои санкции против Белорусија веќе се во сила, но не можеме да прифатиме дека Белорусија ја поддржува руската политика или дека Русија го заобиколува ефектот на санкциите преку земји како Белорусија“, додаде Фиала.

ЕУ воведе осум пакети санкции насочени главно кон руската индустрија и поединци од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Русија мора да биде „се повеќе и повеќе изолирана“, додаде Фиала. „Знаеме дека санкциите функционираат, тоа го гледаме од многу податоци и без сомнение мора да продолжиме.

„Мораме да разбереме дека нападите врз Украина се извршени од белорускиот воздушен простор и дека Белорусија ја снабдува Русија со оружје“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Минск и Москва најавија заеднички воени сили во октомври, а украинската војска е загрижена поради „растечката закана“ од нова руска офанзива од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!