
ЕУ мора да се подготви за американскиот стратегиски пресврт кон Азија
Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски изјави дека европските земји мора да се подготват за новата одбранбена стратегија на Соединетите Американски Држави (САД), без оглед на резултатите од американските претседателски избори во ноември.
Препорачано
„Европа нема друг избор освен да се подготви за промена на одговорноста за одбраната. Соединетите Американски Држави ќе останат стратешки партнер на Европската Унија, но во исто време европските земји мора да преземат поголема одговорност за трошоците за одбраната“, рече Сикорски во интервју за Политико.
Коментирајќи ја зголемената загриженост меѓу европските сојузници на Вашингтон по повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка во САД, Сикорски изјави дека кој и да биде избран во Белата куќа, тој ќе остане најголем европски сојузник.
„Секако дека ќе работиме со секој демократски избран лидер на нашиот најголем сојузник. Во контакт сме со двете страни од политичкиот спектар. Наша работа е да им објасниме на нашите американски партнери дека сè додека ја чувствуваме заканата од Русија, нема да можеме целосно да се вклучиме во Азија“, рече Сикорски.
Политико пишува дека свртувањето на САД кон Азија станува подлабок тренд во американската надворешна политика без разлика дали се на власт демократите или републиканците.
Канцеларијата на Сикорски подготви документ на пет страници за состојбата на трансатлантските односи, во кој ги повикува лидерите на ЕУ и националните држави да го прилагодат своето однесување на промената.