Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра

Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина.

– Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат. Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната.

– Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоа. Заедно можеме да најдеме правни начини тоа да го оствариме, наведе Лајен.

Таа додаде дека ЕУ предлага да се формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува руските злосторства во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот