
ЕУ „фрли око“ на пратките на „Тему“ и „Шеин“, воведува такса
Европската унија планира да воведе фиксна такса за милијарди мали пакети што пристигнуваат претежно од Кина , што претставува нов удар за онлајн продавниците како „Тему“ и „Шеин“, објави во вторник „Фајненшл тајмс“ .
Препорачано
Европската комисија објави нацрт-предлог за трошоците за ракување или складирање, откако земјите-членки на ЕУ извршија притисок врз своите царински служби кои се преоптоварени од 4,6 милијарди артикли што се увезуваат директно во домовите на граѓаните секоја година . Во предлогот не е наведена точната сума на надоместокот, но во овој деловен документ се наведува дека тој би можел да биде околу две евра , повикувајќи се на извори запознаени со ставот на Комисијата.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ изјави дека во вторник предложил таканаречена такса за обработка , односно за ракување и складирање на пакети . За директна продажба ќе се наплаќа надомест од две евра , додека артиклите испратени во магацини ќе се оданочуваат со 0,50 евра.
Дел од генерираниот приход би ги покрил трошоците за дополнителни царински проверки, додека преостанатите пари би биле насочени кон буџетот на ЕУ .
Шефчовиќ вети дека ќе се справи со зголемувањето на бројот на пакети што пристигнуваат во ЕУ , што, според него, довело до зголемување на опасните и несоодветните стоки , како и до поплаки од трговците од ЕУ за нелојална конкуренција , објави „Фајненшл тајмс“ .