EPA-EFE/Tytus Zmijewski

Естонскиот селектор охрабрува: Наша цел е да победиме во групата, а не да избегнуваме пораз од Македонија

Естонија ја пречекува Македонија во Талин во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2025

Естонскиот кошаркарски селектор Хеико Ранула во пресрет на мечот со Македонија во Талин в петок, даде охрабрувачка изјава за тамошните медиуми.

Естонија и Македонија играат важен меч во претпоследното коло од Квалификациите за Европското првенство 2025.

Ако Естонија победи или изгуби со четири поени или помалку, ќе обезбеди пласман на ЕП без разлика на последното коло во кое игра кај Литванија.

На Македонија и треба победа во Талин што ќе ја надмине негативата во поени која ја имаме по поразот во Скопје (69-74) во првото коло од квалификациите.

На тој начин ќе ги одржиме шансите за пласман, во пресрет на последното коло во кое в понеделник играме во Скопје против Полска.

– Наша цел е да победиме во групата, а не да избегнуваме пораз од Македонија – вели Ранула, сакајќи да каже дека треба да имаат повисоки амбиции, а не да играат калкулантски меч со црвено-жолтите.

За да ја оствари својата цел на Естонија ќе и помогне и полната „Унибет Арена“ во Талин, која има капацитет 7.200 публика, а веќе е распродадена.

Пласман од нашата група обезбедуваат првите две селекции. Естонија е прва на табелата (3-1), пред Литванија (3-1), Македонија (1-3) и Полска (1-3).

Полска е веќе квалификувана, затоа што е соорганизатор.

Димитријевиќ: Да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот