Естонија знаме/ Фото: МИА

Естонијa поради страв од руски напад се повлекува од Конвенцијата за забрана на противпешадиски мини

Естонскиот парламент денес гласаше за повлекување на земјата од Конвенцијата од Отава, која забранува употреба на противпешадиски мини, поради загриженост од руски напад.

Парламентот во Талин објави дека предлогот за повлекување од Конвенцијата од Отава е поддржан од 81 од 101 пратеници, пренесува Ројтерс.

Сите пет земји од Европската Унија и НАТО што граничат со Русија – Литванија, Латвија, Естонија, Полска и Финска – објавија дека планираат да се повлечат од тој меѓународен договор поради воената закана од руска страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот