foto Esmin Ličina@facebook

Есмин Личина замина од Малишева, бара нов ангажман

Нашиот интернационалец не е повеќе дел од косовскиот клуб каде настапуваше една сезона

Македонскиот интернационалец Есмин Личина (26) не е повеќе дел од косовскиот клуб Малишева каде настапуваше целата минатата сезона.

Личина, кој е одбранбен играч, во Малишева премина минатото лето од редовите на Македонија Ѓорче Петров.

Минатата сезона тој одигра 13 меча во косовскиот шампионат. Сега е во потрага по нов ангажман.

Есмин Личина, покрај Македонија ЃП, имал ангажмани во Скопје и Вардар. Малишева му беше прв меѓународен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот