
ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра за тековно работење, ќе ги позајми од домашна банка
Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) договори ново задолжување од 30 милиони евра од комерцијална банка од земјава. Каматната стапка ќе биде околу 3,5 отсто, а парите ќе се трошат за тековна ликвидност, брифираа од ЕСМ.
Препорачано
Лани компанијата била во загуба од 123 милиони евра. Актуелното вели дека за тоа е виновно претходното раководство и претходната власт. Тие, според директорот на ЕСМ Лазо Узунчев, правеле „системско уништување на производствените капацитети“.
„Се работи за една банка од каде што ќе биде подигнат кредитот и би било некоректно да кажеме нешто пред да биде потпишан договорот. Парите ќе бидат искористени за потребите и обврските на компанијата кон добавувачите. Тоа што е договорено и што очекувам НРСХ плус 1,5% што е подобро од субвенционираниот кредит што го зедовме тогаш“, рече Узунчев на денешниот брифинг со новинарите.
Ваквата финансиска состојба нема да има влијанија врз цената на струјата за домаќинствата, велат од ЕСМ. Додаваат дека на тендерот на „ЕВН“ за следните шест месеци нема да понудат повисока цена од актуелната која изнесува 62 евра за мегават-час. Во првиот квартал трошокот за производсто изнесувал 98 евра за истото количество.
Во однос на случајот со штетниот договор за закуп на гас од Александрополис, од ЕСМ велат дека се поднесени кривични пријави против два управни одбори и против функционери на минатата власт поради серија на несовесни одлуки во делот на енергетиката. Досега се платени над pet милиони евра за закуп на гас кој нема како да се донесе во Македонија, ниту може да се продаде.