Габриел Ескобар во Скопје, Македонија
Габриел Ескобар / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ескобар: САД категорично се противат на враќањето на српските сили во северно Косово

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека САД категорично се противат на враќањето на српските сили на северот на Косово и Метохија.

„Категорично го отфрламе. Ние тоа воопшто не го поддржуваме“, изјави Ескобар, одговарајќи на новинарско прашање за најавата на Белград дека ќе побара од КФОР враќање на српската војска на северот на Косово.

На прашањето каков ќе биде одговорот на САД доколку Белград навистина испрати војници на северот на Косово, Ескобар одговори дека не очекува тоа да се случи.

„Ќе нагласам, Косово има силни безбедносни гаранции од САД, кои се манифестираат со учество во КФОР“, истакна Ескобар.

Ескобар посочи дека се надева оти наскоро ќе се дојде до решение и наскоро ќе бидат отстранети барикадите на северот на Република Косово, како и дека претставниците на Србите кои ги напуштија институциите ќе се вратат на своите позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот