Вулканска ерупција во Индонезија/ Фото: Јутјуб

Ерупцијата на вулкан во Индонезија, исфрлен облак од пепел висок два и пол километри

Вулканот Анак Кракатоа во западна Индонезија денеска исфрли огромни облаци од вулканска пепел до височина од околу 2.500 метри. Забележани се четири ерупции, соопштија властите, а втората по големина исфрли облак од пепел и чад на 1.500 метри над кратерот.

Во 2018 година, кратерот Анак Кракатoa (индонезиски „Детето на Кракато“) делумно се урна кога насилна ерупција испрати големи вулкански камења во океанот, предизвикувајќи смртоносно цунами. Тогаш животот го загубија повеќе од 400 луѓе, а стотици беа повредени.

Нема информации за штети и нема повредени во денешната ерупција.

Анак Кракатоа, кој се наоѓа на висината на теснецот што ги дели островите Јава и Суматра, е спорадично активен откако излегол од морето во почетокот на 20 век во калдерата формирана по смртоносната ерупција на Кракатоа во 1883 година, за која се проценува тоа ги чинело животите на околу 35.000 луѓе.

Индонезија е на Пацифичкиот огнен прстен, каде што конвергенцијата на континенталните плочи предизвикува зголемена сеизмичка и вулканска активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот