
Ериксен се враќа во Интер: Прво тестови и прегледи, па потоа одлука за иднината
Во Италија е забрането лица кои имаат вградено дефибрилатор да продолжат да се занимаваат со спорт.
Кристијан Ериксен наредната недела ќе се врати во Милано каде го очекуваат нови лекарски прегледи по кои ќе биде јасно дали ќе може да ја продолжи кариерата и дали ќе може и понатаму да биде фудбалер на Интер.
Ериксен на првиот натпревар на данската репрезентација на Евро 2020 доживеа срцев удар за време на дуелот против Финска по што му беше вграден дефибрилатор кој ќе му ја регулира работата на срцето.
Препорачано
Во Италија е забрането лица кои имаат вградено дефибрилатор да продолжат да се занимаваат со спорт. Интер веќе донесе замена за Ериксен, Хакан Чалханохлу од градскиот ривал Милан.
– Голем респект кон Кристијан, како човек па потоа како фудбалер. За нас е апсолутно најважно целосно да се опорави, а дури потоа ќе размислуваме за спортскиот дел – изјави директорот на Интер, Бепе Марота.
Кристијан Ериксен наредната недела ќе пристигне во тренинг кампот на Интер и ќе разговара со новиот тренер Симоне Инзаги пред да ги започне деталните лекарски прегледи кои ќе покажат дали може да продолжи да живее без дефибрилатор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
38мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5