Реџеп Таип Ердоган / Фото EPA-EFE/ERDEM SAHIN

„Ердогановиот канал“ би можел економски да ја уништи Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја иницираше изградбата на гигантски проект, „Ердогановиот канал“, кој треба да го олесни Босфорот и да стане нова трговска рута.
Сепак, проектот предизвика остри критики уште од самиот почеток и предупредувања дека би можел да стане една од најскапите грешки во турската историја. Каналот треба да биде долг 45 километри, а покрај тоа, се планира изградба на шест мостови, нови пристаништа и населби за дури половина милион луѓе. Иако турската влада тврди дека трошоците ќе бидат околу 15 милијарди долари, а годишниот приход околу 8 милијарди, експертите предупредуваат дека трошоците би можеле да пораснат на 100 милијарди евра, а дека самата изградба ќе трае многу подолго од најавените седум години.

Главниот проблем со кој се соочува проектот е Конвенцијата од Монтре од 1936 година, според која поминувањето на трговски бродови низ Босфорот е бесплатно. Владата тврди дека договорот нема да се однесува на новиот канал, но експертите предупредуваат дека драстичното зголемување на надоместоците за премин би можело да ги одврати превозниците, бидејќи Босфорот останува бесплатна алтернатива.

Покрај финансиските ризици, „Ердогановиот канал“ носи и големи еколошки и геополитички ризици. Многумина стравуваат дека изградбата би ги загрозила изворите на вода за пиење, а критичарите предупредуваат на „неконтролирана урбанизација и шпекулации со недвижности“. Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, го нарече проектот катастрофа што ќе го уништи градот.

Проектот е исто така геополитички чувствителен, особено за Русија, за која Босфорот е клучен излез од Црното Море. Доколку Анкара се обиде да воведе различни правила за поминување на воени бродови, тоа би можело да доведе до нови тензии со Русија, ЕУ и САД.

Овој мегапроект беше замислен како „животно дело“ на Реџеп Таип Ердоган, но, според критичарите, тој би можел да стане симбол на финансиски неуспех, уништување на животната средина и политички поделби- пренесе Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот