фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Епски пресврт: Лука Дончиќ следното лето ги напушта Лејкерси?!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ само што пристигна во Лос Анџелес, но шпекулациите за негово заминување веќе се шират во американските спортски кругови.

Причината за ова лежи во договорот што словенечкиот кошаркар го потпиша со Далас Маверикс во пресрет на сезоната 2022/23, кој сега важи за Лејкерси по неодамнешниот трејд.

Договорот е на сила до крајот на сезоната 2026/27, но Дончиќ има опција да го раскине една година порано, што значи дека би можел да стане слободен играч веќе во летото 2026 година.

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN SHUTTERSTOCK OUT

Според правилата на НБА, Лејкерси имаат рок до 2 август оваа година да му понудат продолжување на договорот по 2027 година, што се очекува да го направат.

Но, доколку Дончиќ ја одбие таа понуда, јасно би ставил до знаење дека планира да ја искористи ослободителната клаузула и да го напушти тимот за година и пол.

Ваквото сценарио би го ставило во тешка ситуација генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинка. Ако реши да почека, може да загуби еден од најдобрите играчи во лигата без никакод надомест. Затоа, логичен потег би бил трејд уште во летото 2025 година, кога Лејкерси сè уште можат да добијат вредност за возврат.

Аналитичарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст верува дека овој исход е многу можен:

– Има голем притисок врз организацијата на Лејкерс да го убеди Лука да потпише продолжување на договорот од сега до 2 август. Оттука доаѓа најголемиот притисок бидејќи се чини дека нема мотивација да потпише за ЛА – вели Виндхорст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот