Епл, Интел и Најк бараат од Трамп да ги намали царините за стоки од Виетнам

Американските корпорации, вклучувајќи ги гигантите како Епл, Интел и Најк, бараат од администрацијата на Доналд Трамп да „биде поблага“ во односите со Виетнам и да ги намали планираните царини за стоки увезени од оваа земја. Споменатите компании тврдат дека Виетнам станал витален дел од нивната стратегија за диверзификација на производството и намалување на зависноста од Кина, објавува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

„Виетнам стана ценет партнер на Соединетите Американски Држави во контекст на диверзификација на синџирите на снабдување“, се вели во писмото на Трговската комора на САД во Ханој до американските и виетнамските претставници.

Во писмото, Вашингтон е повикан да избегнува царински мерки против Виетнам кои се спротивни на „логичкиот исход на американските политички цели“. Виетнам стана еден од клучните трговски партнери на Соединетите Американски Држави во Азија за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп. Кога американскиот претседател започна трговска војна против Кина, многу американски компании одлучија да го преместат своето производство во Виетнам. Ова придонесе за значително зголемување на извозот од азиската земја во Америка, а трговскиот суфицит на Виетнам со САД достигна 125 милијарди долари минатата година. Планираните американски увозни царини од 46 проценти би биле катастрофални за економијата на Виетнам, бидејќи САД сочинуваат речиси една третина од вкупниот извоз.

Тоа би влијаело и на новите странски инвестиции што доаѓаат во Виетнам, додаде „Фајненшл тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот