Енис Барди („Трабзонспор“)/фото: instagram.com/trabzonspor

Енис Барди на трансфер листата на Трабзонспор

Тренерскиот мандат на Ненад Бјелица не траеше долго во Трабзонспор, сега има нов ангажман како тренер на Унион Берлин.

Неговиот наследник во турскиот фудбалски клуб Абдула Авчи во осум натпревари оствари пет победи, два пати ремизираше и претрпе само еден пораз, и во просек освојуваше 2,13 бодови по натпревар.

Според турските медиуми, Авчи подготвува „чистка“ во играчкиот кадар пред вториот дел од сезоната.

Според „Фанатик“, тренерот на екипата нема да смета повеќе на шест играчи, односно „отпишани“ се Филип Бенковиќ, Жоакин Фернандез, Димитриос Курбелис, Умут Бозок, Стригер Ларсен и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди, 28-годишниот играч за врска во нападот има важечки договор со клубот до 30 јуни 2025 година и според „Трансфермаркт“ моментно вреди шест милиони евра.

Сезонава во најсилниот турски шампионат до сега запиша 12 настапи и два голови.

Во изминатиот период за Барди интерес покажа уште еден германски клуб, повеќе прочитајте ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот