фото: EPA/Made Nagi

Енди Мареј веќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ штотуку објави дека нема да ја продолжи соработката со својот сегашен тренер Енди Мареј.

По само шест месеци соработка, најдобриот тенисер на сите времиња само неколку недели пред Ролан Гарос објави дека нема да ја продолжи соработката со својот поранешен голем ривал.

Мареј ја заврши својата играчка кариера минатата година на Олимписките игри, но не се одмори долго.

Беше изненадување за сите кога беше објавено дека првата тренерска работа на Мареј ќе биде како тренер на Ѓоковиќ, а сега таа соработка заврши.

– Ти благодарам тренеру Енди за твојата напорна работа, забава и поддршка во текот на последните шест месеци на и надвор од теренот. Навистина уживав во продлабочувањето на нашето пријателство – напиша Ѓоковиќ во своето официјално обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот