
Емпорио Армани ја претстави првата колекција по смртта на основачот
Модната куќа Емпорио Армани ја претстави својата прва колекција по смртта на основачот на брендот, Џорџо Армани, на 4 септември. Колекцијата се викаше „Риторини“ (Враќање) и беше претставена за време на Неделата на модата во Милано, пишува „Ројтерс“.
Препорачано
Армани работеше на колекцијата до последниот ден од својот живот, а модните настани на Неделата на модата во Милано беа планирани и подготвени според неговата визија, објави модната куќа.
На крајот од ревијата, моделите излегоа на пистата и му оддадоа почит на Армани, кој почина на 92-годишна возраст.
Присутните емотивно реагираа на отсуството на Армани, потсетувајќи се на неговото последно збогување со миланската јавност, кое се случи само неколку недели пред неговата смрт, соопшти италијанската агенција.
Колекцијата „Риторни“ е инспирирана од патувањето, враќањето во градот по одмор и носи елементи од различни култури.
Вклучува парчиња во неутрални тонови и лесни, долги форми кои комбинираат машки и женски елементи.
Дополнително, користени се материјали како најлон, а дизајнирани се и нежни парчиња со кристали и везени туники.
Колекцијата беше претставена како дел од прославата на 50-годишнината од брендот, а беше најавена и голема изложба во уметничката галерија Брера во Милано, каде што делата на Армани ќе бидат изложени заедно со уметнички дела.