
Елиминацијата на Денвер ќе доведе до историска низа во НБА лигата
Кошаркарите на Денвер нагетс се елиминирани од Оклахома во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Во финалето на Западот ќе играат Оклахома и Минесота, додека во финалето на Источната конференција ќе играат Индијана и Њујорк.
Препорачано
Без разлика кој од овие четири тима ќе го освои шампионскиот прстен, НБА ќе го има својот седми различен шампион во последните седум години, што е првпат ова да се случи во историјата на натпреварувањето.
Оваа низа започна во 2019 година со Торонто, по што следеа Лос Анџелес лејкерс во балонот од 2020 година, Милвоки во 2021 година и Голден стејт во 2022 година.
Нагетси предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, освоија шампионски прстен во 2023 година, Бостон ги наследи на тронот минатата година, а оваа пролет ќе го добиеме седмиот различен шампион.
Ова ја надмина претходната серија, која се одвиваше помеѓу 1975 и 1980 година во која беа Голден стејт (1975), Бостон (1976), Портланд (1977), Вашингтон (1978), Сиетл (1979) и Лос Анџелес лејкерс (1980).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
41мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5