фото: ФК Работнички

Елези: Верувам дека Работнички ќе биде ефикасен против Башкими

Фудбалерите на Работнички по ремито во Кавадарци против Тиквеш посакуваат успешен старт на домашен терен. На Националната Арена „Тодор Проески“ ќе гостува новиот прволигаш Башкими, а напаѓачот Дашмир Елези верува дека „романтичарите“ можат да ги освојат трите бода.

– Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме – вели напаѓачот на Работнички, Дашмир Елези.

Се чини дека е вистинско време Работнички да ја разбие и бариерата за постигнување голови.

– Очекувам да одиме во позитивна насока и во тој сегмент. Не постигнавме гол на европските натпревари и на првиот меч против Тиквеш во Кавадарци, но имавме неколку навистина одлични шанси. Верувам дека токму против Башкими ќе бидеме ефикасни – рече Елези.

Натпреварот од второто коло во Првата македонска лига меѓу Работнички и Башкими ќе се игра денеска од 17.00 часот.

Мемети: Треба да бидеме физички и тактички на високо ниво против Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот