Instagram

Елеганција без многу труд: Амал Клуни во комбинација која ќе биде хит и оваа есен

Иако црвениот тепих обично е резервирани за нејзините гламурозни појавувања, Амал Клуни овој пат докажа дека изгледа беспрекорно дури и во поопуштено издание.

Сопственичката на бутикот за винтиџ облека Les Merveilles de Babellou сподели фотографија од Амал на Инстаграм, откривајќи дека таа е нивна лојална клиентка со години.

„Имавме голема чест повторно да ја угостиме Амал Клуни. Нејзината елеганција и префинето око секогаш ја прават нашата колекција да сјае уште поубаво“, напиша сопственичката.

Амал избра безвременска есенска комбинација за шопинг во Париз. Носеше беж мантил со копчиња во два реда и детали на зглобовите, под што се наѕираше црна ролка и неутрално сако.

Изгледот го комплетираше со тесни црни панталони, чанта со нитни и големи очила за сонце. Посебна елеганција ѝ дадоа предимензионираните златни обетки и косата освежена со прамени во нијанса на карамела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот