Фото: EPA-EFE/CARLOS DURAN ARAUJO

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

За време на вооружена пресметка на војската со криминална група во Еквадор во областа Амазон, единаесет војници се убиени, а еден е повреден соопшти Министерството за одбрана на земјата, пренесува Ројтерс.

Војниците биле нападнати за време на изведување операција против нелегалното рударство во областа Алто Пунино, соопшти министерството.

Заседата ја извршила вооружената група „Командос де ла Фронтера“, или „Гранична команда“, која употребила експлозиви, гранати и пушки за време на нападот, велат од министерството, повикувајќи се на воени разузнавачки информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот