
Експлозија од вкусови: Полнети тиквички со јагнешко месо и булгур
Иако можеби повеќето од вас се навикнати на традиционалните полнети пиперки, понекогаш вреди да се експериментира во кујна.
Препорачано
Овој рецепт за полнети тиквички со јагнешко месо, булгур, домат и модар патлиџан ќе ве однесе на едно сосема поинакво гастрономско патување на чиј вкус ќе сакате повторно да се вратите.
Потребни состојки:
– 4 тиквички со средна големина
– 60 г булгур
– 300 г мелено јагнешко месо
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 2 стебленца целер
– 6 суви кајсии, ситно сечкани
– 1 домат, средна големина, исечкан на коцки, без семки
– 1 мал модар патлиџан, исечкан на коцки
– 1 китка магдонос
– 200 г рендано овчо сирење
Подготовка:
Исечкајте го кромидот, па стебленцата од магдонос и потоа целерот. Во посебна тава на малку маслo пропржете ги доматите. Сè, освен модриот патлиџан и јагнешкото месо, се пржи на малку маслиново масло. Кога зеленчукот малку ќе порумени, додадете го меленото јагнешко месо и посолете го. Издлабете ги тиквичките, а внатрешноста исецкајте ја и додадете ја кај другиот зеленчук. Кога малку ќе се намали течноста од месото и зеленчукот, додадете ги сечканите кајсии, исечканите домати и модриот патлиџан. Се пржи околу 35-40 минути. Повремено додадете вода, но не премногу, треба да се пржи во соковите од зеленчук и месо. Наполнете ги тиквичките со претходно подготвениот фил, посипете со овчо сирење и печете во рерна на 180 степени околу 20-30 минути.