Експолозија на митинг во Пакистан / Фото: AFP / Profimedia

Експлозија на митинг во Пакистан: Деветмина загинати и 29 повредени

Најмалку девет луѓе загинаа, а 29 се повредени во експлозија што се случи денес на јавен собир во југозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил пред стадионот во Квета, главниот град на покраината Белуџистан, пренесува агенцијата „Анадолија“. Засега не е соопштена причината за експлозијата.

Митингот бил организиран од Националната партија на Белуџистан, предводена од поранешниот главен министер на покраината, Сардар Ахтар Ментал.

Според „Анадолија“, покраината Белуџистан, богата со минерали, вклучувајќи ја и Квета, долго време е жариште на насилство, каде што безбедносните сили се соочуваат со бунт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!