Фото: Pexels/ Karolina Grabowska

Експертите откриваат: Што се случува со вашето тело ако џвакате гума за џвакање секој ден

Истражувањата покажуваат дека повеќето Американци џвакаат гума за џвакање два до три пати неделно, а најголемите љубители на гума за џвакање консумираат во просек по едно парче дневно. Експертите велат дека, ако џвакате гума за џвакање секој ден, можеби ќе уживате дури и во некои здравствени придобивки – но некои луѓе може да доживеат и негативни ефекти. Еве што се случува со вашето тело кога џвакате гума за џвакање секој ден, пишува „Д хелти“ („The Healthy“).

Гумата за џвакање може да го подобри вашето ментално здравје

Истражување од 2015 година покажа дека луѓето кои вообичаено џвакаат гуми за џвакање пријавиле помалку стрес и намалена анксиозност. Експертите велат дека кога џвакате гума за џвакање, таа всушност може да помогне во вашиот мозок да се зголеми серотонинот, што ќе го подобри вашето расположение.

Гумата за џвакање може да го зголеми внесот на шеќер

Ако не консумирате гума за џвакање без шеќер, со една гума за џвакање, која ќе ја консумирате по цел ден, иако има само мала количина шеќер, внесот на додаден шеќер може да се зголеми до количина што има негативно влијание врз вашето здравје.

Гумата за џвакање без шеќер го намалува ризикот од расипани заби

Гумите за џвакање го стимулираат производството на плунка, што може да помогне да се измијат киселината и остатоците од храна што остануваат во устата после јадење и пиење. Според Американската стоматолошка асоцијација, клиничките испитувања покажале дека луѓето кои џвакаат гуми за џвакање без шеќер 20 минути после јадење, имаат помалку расипани заби.

Гумата за џвакање може да го вознемири вашиот стомак

Гумите за џвакање без шеќер може да содржат замени за шеќер (аспартам или сукралоза), кои обично немаат негативни здравствени ефекти во умерени количини, но, ако имате синдром на нервозно дебело црево или сте склони кон дигестивни проблеми, џвакањето големи количини на гуми за џвакање без шеќер, може да ги влоши тие симптоми.

Гумата за џвакање може да ја подобри вашата меморија

Студија од 2018 година покажа дека студентите кои џвакале гуми за џвакање, додека студирале имале подобри резултати на испитите. Истражувачите сугерираат дека ова е затоа што со џвакањето гума за џвакање се добива крв и кислород, што тече до мозокот, нè прави будни, фокусирани за информациите што ги учиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот