Фото: Пекселс/fran//nika-benedictova

Експертите откриваат: Како да се грижите за празничното цвеќе божиќна ѕвезда

За да ги одбележат празниците и празничната атмосфера, многу луѓе ги заменуваат своите вообичаени домашни растенија за празнични цвеќиња, како што е божиќната ѕвезда (пунсетија). По тој повод експертите споделија совети како треба да се грижите за ова цвеќе.

И покрај фактот што божиќната ѕвезда всушност доаѓа од област во јужно Мексико наречена Taxco del Alarcon, ние ги чуваме во нашите домови за време на Божиќ за да ни помогне да ја прославиме празничната сезона.

Го сметаме за божиќно цвеќе бидејќи многу луѓе го подаруваат во овој период за да ја симболизираат добрата волја и духот на заедницата. Во верските заедници, божиќната ѕвезда, ја симболизира Витлеемската ѕвезда, со црвените листови што ја симболизираат крвта на Христос.

Сепак, на многу луѓе им е тешко да ја одржат својата божиќна ѕвезда жива до Божиќ. Експертите велат дека постои едно место што особено треба да го избегнувате ако сакате вашата божиќна ѕвезда да напредува овој Божиќ, пишува „Дејли стар“.

Фото: Пекселс/ mark-stebnicki

На што да внимавате кога купувате божиќна ѕвезда?

Ако ја купувате вашата божиќна ѕвезда од градинарски центар или супермаркет, најдобро е да бидете сигурни дека е во добра состојба и да нема свенати листови. Ако листовите венеат, ова може да биде знак дека тие се чувани во ладни услови. Исто така, треба да избегнувате да купувате цвеќиња што се изложени во близина на врата или дури и на предворјето на бензинска пумпа бидејќи нема да траат долго.

Каде во домот треба да ја ставите божиќната ѕвезда?

Близу до прозорец не е најдоброто место за чување на ова цвеќе. Треба да ја ставите вашата божиќна ѕвезда на светло место без струење на воздухот, надвор од директна сончева светлина. Идеална за неа ќе биде просторија со просечна температура од околу 13-15 степени Целзиусови. Единственото место од кое треба да ја држите подалеку се прозорците, бидејќи таму температурите може значително да паднат во текот на ноќта. Исто така, веројатно не треба да го ставате во близина на вратите и отворените камини, бидејќи и таму може да има струење на ладен воздух.

Како треба да се грижите за божиќната ѕвезда?

Најдобро е да ја полевате само ако површината ѝ е сува и тоа ретко. Препорачливо е растението нежно да се прска со вода на неколку дена, бидејќи тоа ќе помогне да се одржат лисјата и цветовите во најдобра состојба. Исто така, треба да ги исчистите листовите од прашина, за вашата божиќна ѕвезда да изгледа најдобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!