Вештачка интелигенција/ Фото: GORODENKOFF PRODUCTIONS / Sciencephoto / Profimedia

Експерти предупредуваат: Не им ги кажувајте своите тајни на четботовите!

Еден експерт за вештачка интелигенција тврди дека доверувањето во Четџипити или другите четботови за работните проблеми или политичките преференции би можело да има негативно влијание кај корисниците.

Мајк Вулдриџ, професор по вештачка интелигенција на Универзитетот во Оксфорд, вели дека споделувањето приватни информации или дружењето со четботовите би било „крајно немудро“ бидејќи сè што е откриено помага да се обучуваат идните верзии, пренесува Гардијан.

Корисниците исто така не треба да очекуваат избалансиран одговор на нивните коментари бидејќи технологијата „ви кажува што сакате да го слушнете“, додава тој.

Вулдриџ ја истражува темата за вештачка интелигенција во овогодинешните Божиќни предавања на Кралската институција. Тој ќе ги разгледа „големите прашања со кои се соочува истражувањето на вештачката интелигенција и ќе ги разоткрие митовите за тоа како навистина функционира оваа револуционерна технологија“, велат од институцијата.

Како машината може да се научи да преведува од еден на друг јазик и како работат четботовите ќе бидат меѓу темите за кои ќе разговара. Тој, исто така, ќе се осврне и на прашањето што се наметнува околу вештачката интелигенција: дали таа некогаш навистина може да биде како луѓето?

Вулдриџ изјави за Дејли Меил дека иако луѓето се програмирани да бараат свест во вештачката интелигенција, тоа е залуден потфат. ВИ, рече тој, „нема емпатија. Тоа нема симпатии“.

„Тоа апсолутно не е она што го прави технологијата и најважно, никогаш ништо не доживеала“, додаде тој. „Технологијата во основа е дизајнирана да се обиде да ви каже што сакате да слушнете – тоа е буквално сè што прави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот