Фото: Pexels / Vincent Rivaud

Експерти откриваат: Ако сакате да ја подобрите концентрацијата избегнувајте ги овие намирници

Понекогаш се чини невозможно да се концентрирате доволно долго за да ја завршите работата или училишните обврски. Седнувате на вашиот компјутер со најдобри намери, за на крајот да се префрлите помеѓу десет различни работи бидејќи вашиот фокус е насекаде, освен на задачата што треба да ја завршите.

Анксиозноста, депресијата, недостатокот на сон и здодевноста можат да предизвикаат проблеми со концентрацијата, но и исхраната може да има улога. Кога станува збор за оваа врска, експертите велат, важно е да се запамети дека поединците имаат различни реакции на храната и може да се справат со различни здравствени проблеми, пренесува „Хафпост“.

Значи, постојат некои намирници и пијалаци за кои научните истражувања покажуваат дека навистина можат да ја попречат вашата концентрација. Лекарите и диететичарите ги открија најголемите виновници.

Печива и бел леб

Неврологот д-р Ариф Далви вели дека едноставните јаглехидрати, како што се колачите и белиот леб, може да предизвикаат скок на шеќерот во крвта, што пак може да предизвика проблеми со концентрацијата. Експертката Ја Боакје објаснува дека кога шеќерот во крвта е премногу висок или премногу низок, тоа може да предизвика проблеми со концентрацијата, а едноставните јаглени хидрати можат тоа да го поттикнат.

Многу солена храна

Ако за ручек имаме инстант супа, помфрит, чипс или сендвич со разни меса, можно е да имаме проблеми со концентрацијата во текот на попладневните часови. Храната богата со сол може да предизвика дисбаланс на електролити. Кога тоа ќе се случи, предизвикува воспаление во мозокот што може да се меша со краткорочната меморија и концентрацијата.

Газирани и слатки пијалаци

„Пијалаците како газираните сокови може да предизвикаат брз пораст на шеќерот во крвта, проследено со пад на шеќерот во крвта. Така, додека овие пијалаци првично го преплавуваат мозокот со гликоза, што теоретски би помогнало во концентрацијата, последователниот пад на шеќерот ја негира оваа краткорочна корист и всушност ни го отежнува одржувањето на фокусирана концентрација“, предупредила диететичарката Клер Рифкин.

Кафе

Кафето е уште еден пијалак на кој многу луѓе се обраќаат за да ја подобрат концентрацијата, но и Далви и Боакје велат дека премногу може да ја влоши концентрацијата.

„Ако пиете малку, тоа може да ве направи повнимателни, но ако продолжите да пиете сè повеќе и повеќе, придобивките исчезнуваат. Тоа е затоа што премногу кофеин може да направи некого да се нервира или вознемири“, заклучил Далви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот