Нови Сад железничка станица EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Постојат две опции за зградата на Железничката станица во Нови Сад, но за нив ќе се одлучува откако експертите ќе ја испитаат статиката на зградата и ќе утврдат дали е безбедна за употреба.

Ако утврдат дека зградата не е безбедна, тогаш ќе биде урната, бидејќи се во прашање човечки животи. Друга опција е делумна реконструкција. Да се ​​прејудицира исходот сега е крајно неблагодарно. Експертите се на потег“, вели српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ за Нова.рс.

Таа вели дека истрагата е сè уште во тек и дека во зградата сè уште не може да се влезе. Затоа сè уште не е можно да се испита статиката на зградата, иако Железничката инфраструктура на Србија, како што е наведено, спровела постапка за јавна набавка за испитување на статиката на зградата на станицата во Нови Сад.

Како што е познато на 1 ноември минатата година се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, меѓу кои и две деца. Трагедијата  се случи четири месеци по свеченото отворање на реконструираната зграда на Железничката станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот