Вејповите се особено опасни за младите лица/Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Експерти алармираат: Вејпингот создава нова генерација зависници од никотин

Вејп цигарите брзо стануваат глобален тренд кај младите, но новите истражувања потврдуваат дека тие не се безопасни. Лекари предупредуваат дека употребата може да доведе до сериозни кардиоваскуларни и белодробни оштетувања, па дури и да го зголеми ризикот од мозочен удар за над 30 проценти.

Според професорката Маја-Лиса Лохен од Универзитетската болница во Северна Норвешка, „вејпингот создава нова генерација зависници од никотин“ и често е првиот чекор кон пушење традиционални цигари. Особено ранливи се децата и тинејџерите, кај кои никотинот може трајно да влијае на развојот на мозокот, пишува Еуроњуз.

Иако се рекламираат како „побезбедна алтернатива“, студиите покажуваат дека е-цигарите ослободуваат штетни хемикалии и предизвикуваат стрес врз срцето и крвните садови. Светската здравствена организација предупредува дека тие не се ефикасна алатка за откажување од пушење и бара построги регулативи.

Експертите апелираат за образовни кампањи, забрани и вклучување на училиштата и родителите во превенцијата, со порака дека „вејпингот не е мода, туку сериозна закана по здравјето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот