Никола Димитров, Мила Царовска и Ариjанит Хоџа/ Фото: Колаж на СП

Ексминистрите Димитров, Царовска и Хоџа ќе земаат апанажа

Никола Димитров, Мила Царовска и Ариjанит Хоџа се ексминистрите кои ќе земаат апанажа откако Хоџа ја напушти Владата на Зоран Заев, а Димитров и Царовска не станаа дел од новата Влада на Димитар Ковачевски. Во новата влада заедно со експремиерот вкупно осум министри не станаа дел од новата влада. На министрите на кои по стапувањето на функциите, работните места им биле во мирување веќе се вратиле на претходната работа, додека од ексминистерката за одбрана Радмила Шекеринска не добивме одговор дали ќе побара да ѝ се овозможи правото да прима надоместок во висина на платата и што ќе работи сега.

Димитров за „Слободен печат“ потврди дека ќе побара апанажа.

-Јас при влегување во Владата откажав ангажман во меѓународен институт во Париз и сум човек што живее од плата. Не сум од тие  кои и покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам, ќе користам апанажа – вели екс вицепремиерот за евроинтеграција Димитров.

Поранешната министерка за образование Мила Царовска само кусо ни одговори дека ќе користи апанажа, но не добивме одговор каде планира работен ангажман.

На старите работни места веќе се вратиле поранешните министри за труд и социјала, за здравство и за култура, Јагода Шахпаска, Венко Филипче и Ирена Стефоска.

Шахпаска ни изјави дека по министерувањето, денеска и е првиот работен ден во ординација.

-Нема да користам апанажа. Работното место ми беше во мирување. Јас веќе сум на работа во ординацијата во Здравствениот дом во Пехчево. Уживам – вели Шахпаска

И Стефоска потврди дека кога станала министерка работното место и било во мирување и дека веќе работи.

-Јас сум редовен професор на Институтот за национална историја и веќе сум на старото работно место. Многу се радувам – ни изјави Стефоска.

Филипче, пак, неодамна информира дека се вратил на Клиниката за неврохирургија, а апанажа  нема да бара ни експремиерот Заев. Тој изјави  дека ќе работи во некоја од своите фирми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот