Ексклузивен концерт на Амира Медуњанин во Античкиот театар во Охрид

Авалон продукција со задоволство ни го најавува првиот проект од концертите што ќе ги организира овој август и септември под веќе изготвените и одобрени протоколи за организација на концерти во земјава.

Најголемата женска регионална ѕвезда во моментов, неверојатно квалитетната Амира Медуњанин, ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија на 09-ти август и тоа на најубавата локација за оваа пригода, Античкиот театар во Охрид.

Капацитетот на Античкиот театар којшто е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители, поради Ваша заштита и почитувањето на протоколите превземени, за заштита од Ковид 19.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба исклучиво онлајн на аvalon.mk од среда (08.07) во 09 часот наутро.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарече босанската Били Холидеј, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.

Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ќе биде премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот