фото: РК Еурофарм Пелистер

Екс селекторот Шундовски е нов извршен директор на РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со почетокот на 2024 година улогата на извршен директор во клубот ќе ја извршува прославениот спортски работник, Звонко Шундовски.

Во својата кариера поранешниот македонски селектор во повеќе етапи бил дел од успесите на битолскиот клуб, и како ракометар, и како тренер, а минатата сезона и како стручен тим менаџер.

Неговото искуство ќе биде од голем значење и во новата улога, во која ќе биде спој меѓу клупските структури, стручниот штаб и ракометарите, известуваат од клубот.

Воедно во изминатиот период РК Еурофарм Пелистер информираше дека нов капитен на екипата е репрезентативецот Филип Кузмановски.

Оваа зима актуелниот шампион го засили левото крило Дејан Манасков кој ќе го носи дресот со број „11“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот