Еко-свест: Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува „по старо“

Глобалното затоплување, загадување на водите, почвите и воздухот, сечата на шуми и претерано искористување на природните ресурси доведоа до работ на уништување многу скапоцени екосистеми и видови, затоа оваа година темата на Денот на Планетата Земја е „Обновена нашата Планета“ со цел да се подигне свеста дека ублажување и прилагодување кон климата не се единствени чекори кои можеме да ги преземеме – потребни се иновации во насока на зачувување и обнова на светските екосистеми, апелираат од здружението „Еко-свест“.

– Од една страна, можеме да кажеме дека Планетата ни возвраќа со пандемијата поради несовесниот и несоодветниот однос на човештвото кон природата и ресурсите, а од друга, гледаме дека човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува „по старо”. Во периодите на воведените рестрикции за движење се забележија најголемите штети по природата, вели Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“.

Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а нашите заштитени подрачја трпат сериозен притисок току за време на пандемијата.

Во светот се прават напори за зачувување и унапредување на зелените површини во градовите за да се создадат сложени урбани екосистеми кои ќе вршат повеќе функции – намалување на загадувањето, фаќање и прочистување на дождовна вода, спас од поплави како и големи зелени површини за инсекти и мали животни.

– Тоа е всушност главната потреба во моментот- светот да ја научи лекцијата од пандемијата и да го промени својот однос кон Планетата. Луѓето треба да разберат дека се интегрален дел од природата, а не нејзин господар. Без екосистемските услуги што ги дава природата- чиста вода, воздух и храна, луѓето нема да преживеат, согласно, заштитата на овие ресурси е од највисок приоритет, посочува Лешоска.

Едукација на идните генерации е клучна. Идејата дека садење нови дрвја за сметка на уништување на екосистеми стари векови ќе ни помогне во борбата со глобалното затоплување е погрешна и се напушта на глобално ниво. Она што е потребно е полагање напори во зачувување на постојните заштитени подрачја и обнова каде е најпотребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот