EPA-EFE/PHIL NIJHUIS

ВИДЕО: Еко-активистите ја нападнаа и „Девојката со бисерна обетка”

Противници на употребата фосилни горива и еко-активисти во знак на протест денеска во музејот „Маурициус” во Хаг извршија „напад” врз „Девојката со бисерна обетка”, познатата слика на уметникот Јоханес Вермер.

Полицијата ги уапсила трите лица кои учествувале во нападот, од кои едното фрлило непозната материја кон уметничкото дело, но сликата не е оштетена бидејќи е зашитена со стакло.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат активисти како носат маици со натпис „само запрете ја нафтата” (Just stop oil).

„Како се чувствувате кога ќе видите како нешто убаво и вредно навидум се уништува пред вашите очи? Дали чувствувате лутина? Па, тоа е чувството кога ќе ја видите планетата како се уништува пред ваши очи”, вели еден од активистите на снимките.

Денешната е последна во низата акции што активистите на групата „Само запрете ја нафтата” ги започнаа месецов. Тие фрлаа компир-пире врз слика на Клод Моне во германски музеј и прскаа со супа од домати уметничко дело на Винсент ван Гог во галерија во Лондон. Во ниту еден од нападите уметничките дела не се отштетени бидејќи се заштитени со стакло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот