Фото: Pexels / Hilary Halliwell

Еко-акција: Учениците од Центар во „лов“ на електронски отпад

Општина Центар и „Нула отпад“ со повеќе активности под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина. За таа цел во сите општински основни училишта се поставени контејнери за ситен електронски отпад и отпадни батерии, а до 14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.

На работилниците во училиштето „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината – рече Герасимовски.

Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за селекција и рециклирање на овој вид на отпад. Тие на еко-линијата 070 236 000 секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, кои ќе биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот