EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Еклстоун критикува: Лас Вегас нема никаква врска со Формула 1

Поранешниот шеф на Ф1 нема добри зборови за трката во Лас Вегас што треба да се случи претстојниов викенд и е најавувана дека ќе биде вистински спектакл.

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, ја критикуваше претстојната трка во Лас Вегас, тврдејќи дека настанот „нема никаква врска со Формула 1“.

Бидејќи сезонава во Формула 1 веќе имаше трки во Мајами и во Остин, Вегас ќе биде домаќин на третото и последно презентирање на овој спорт во САД годинава. Трката е овој викенд како претпоследно коло од сезоната.

Воведната трка на новата улична патека, која ќе се вози на познатата „Лас Вегас Стрип“, беше опишана како клучна пресвртница во менаџирањето на Либерти Медиа со Ф1 откако оваа фирма ја презеде контролата врз спортот во 2017 година.

Долгогодишниот извршен директор Еклстоун беше сменет набргу откако Либерти ја презеде контролата.

Ова нема да биде првпат да има Ф1-трка во Вегас, а хотелот Цезар Палас беше домаќин на две гран-при во 1981 и 1982 година.

EPA/MICHAEL NELSON

И покрај тоа што Еклстоун ја организираше првата посета на Ф1 на Невада пред повеќе од четири децении, тој тврди дека нема апетит за трката овој викенд.

– Навистина не се радувам на тоа. Зошто не? Тоа нема никаква врска со Формула 1. Инаку, среќен сум што овој спорт продолжува да се развива низ целиот свет. Јас сум тој што ја донесе Формула 1 од Европа и во остатокот од светот. Ние се натпреваруваме за светско, а не за европско првенство. Добро е што тоа останува така – изјави Берни.

Еклстоун е заслужен за носењето на Ф1 на новите пазари во Азија, вклучувајќи ги Бахреин, Кина и Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот