Еклстон и Хамилтон во 2012 година кога Британецот возеше за Мекларен Мерцедес EPA/Jens Buettner

Еклстон: Хамилтон нема да издржи две години во Ферари

Некогашниот шеф на Формула 1 смета дека Британецот ќе биде втора виолина во Ферари и дека тимот повеќе ќе се потпре на Лекер

Новата авантура на Луис Хамилтон во Формула 1, неговиот ангажман во Ферари, коснтантно предизвикува лавина коментари.

Паѓаат прогнози дали ќе му оди добро или лошо со најуспешниот тим во Ф1, но кој ја нема освоено титула кај возачите од 2007 година (Кими Раиконен).

Можеби никој не е толку радикален прогнозер како Берни Еклстон, поранешниот прв човек на Формула 1.

Берни беше отворен кога го прашаа за двегодишниот договор на Луис со тимот од Маранело.

– Тој нема да издржи толку долго. Мислам дека Луис нема да го добие истото внимание во Ферари (како во Мерцедес н.з.). Прво, тимот е задоволен со Шарл Леклер, неговиот тимски колега. Шарл го зборува нивниот јазик, па тие ќе се грижат за него.

Некои од оние кои не очекуваат многу од Британецот во италијанската фирма се повикуваат на фактот дека Хамилтон веќе има 40 години. Сепак, Берни гледа други проблеми.

– Јас имам своја теорија за тоа. Не се работи за возраста на возачите. Мислам дека Луис е уморен. Ја изгуби мотивацијата. Да немаше шампионска титула можеби ќе беше поинаку, бидејќи тогаш ќе имаше поттик да освои една, но тој веќе освои седум – вели стариот волк Берни Еклстон.

Сезоната во Формула 1 почнува на 16 март со трката во Австралија.

Ферстапен најплатен помеѓу возачите во Формула 1, Хамилтон зад него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот