Сечење дрва кај дрводекор / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Екипите на „Паркови и зеленило“ го згрешија дрвото што треба да го сечат, здравото остана „оголено“, сувото отпосле го исекоа

Наместо старо дрво со суви и кршливи гранки, денеска на улицата „Кеј 13 Ноември“, веднаш до градилиштето спроти „Холидеј ин“, настрада здраво дрво. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, кои со решение издадено пред неколку дена од Секторот за комунални дејности на Град Скопје, излегоа на терен да го исечат дрвото, по грешка започнале да работат на тоа до него. Веројатно забележале дека се работи за погрешно дрво дури откако му ги искастриле гранките, па преминале со работа на соседното. Така сега, дрвото на кое по грешка беше интервенирано остана сосема оголено, без ниту една гранка.

Сечење дрва кај Дрводекор / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Како што неофицијално дознаваме, состојбата во претпријатието е катастрофална, нема доволно луѓе што работат на сечење и кастрење, односно работат само две екипи со по неколкумина работници, па заради тоа не можат да постигнат да одговорат навреме на сите издадени решенија за сечење дрвја низ градот, кои претставуваат опасност и за минувачите и за паркираните автомобили или оние во движење.

Сечење дрва кај Дрводекор / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Претпријатието нема ниту доволно гориво за нормално да ја завршува својата работа, а утрово, како што дознаваме, за да излезе екипата на терен и да го сече дрвото, позајмувале гориво од ЈП „Комунална хигиена“. Вработените се незадоволни и од платите, како и од целата неорганизираност на претпријатието. Зошто е ваква ситуацијата во ова јавно претпријатие одговори треба да дадат градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ова претпријатие, кое е задолжено за одржување и уредување на зеленилото во главниот град.

Сечење дрва кај Дрводекор / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Како што повеќепати досега пишувавме, граѓани реагираат дека екипите на „Паркови и зеленило“ и после пријава дека е неопходно сечење на некое дрво бавно реагираат, а низ Скопје и во Градски парк можат да се забележат голем број обележени дрвја за сечење и кастрење за кои сѐ уште не е постапено. Притоа, при секој посилен ветар паѓа по некое дрво низ градот, а неодамна дете беше повредено кога врз него падна огромна гранка од дрво во Карпош 3.

Инаку, во Скопје не смее да се исече ниту едно дрво на јавна површина и во двор без решение од Град Скопје.

 

При секој ветар паѓаат дрвја, но надлежните тврдат дека редовно ја контролираат нивната состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот