
ЕК е за воведување европска потврда за вакцинација
Европската комисија работи на сертификат за вакцина, наречен „Вакспруф”, што може да помогне за воспоставување прекугранично патување, соопштија претставници на ЕУ, но планот ги поделил нациите на ЕУ
Препорачано
ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната”. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Во изјава за португалски медиуми пред нејзината посета на Лисабон денеска, таа нагласи дека „медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер (Кирјакос Мицотакис) за заемно признат сертификат за вакцинација”.
„Дали тоа ќе даде приоритет или пристап до одредени добра е политичка и правна одлука што треба да се разгледа на европско ниво”, додаде фон дер Лајен.
Европските 27 треба да разговараат за координација на мерките за време на пандемијата на самит следниот четврток.
Комисијата треба да објави нова комуникација следната недела со препораки за зајакнување на координацијата против пандемијата, но не е јасно дали деталните предлози за „Вакспруф” ќе бидат вклучени во документот.
Многу земји што се популарни туристички дестинации, како што се Грција и Малта, го поддржуваат планот, додека други, како што е Холандија, се резервирани.
Извор.МИА