Џими Кимел/Чарли Кирк/Фото: o EPA/CAROLINE BREHMAN/Charles-McClintock Wilson / Zuma Press / Profimedia

Еј-би-си ја укинува емисијата „Џими Кимел во живо“ поради неговите коментари за убиството на Чарли Кирк

Американската телевизиска мрежа Еј-би-си, во сопственост на компанијата „Волт Дизни“, соопшти дека ќе престане да ја емитува популарната емисија „Џими Кимел во живо“ на неодредено време, објави „Ројтерс“. Ова се случува откако коментарите кои водителот на програмата ги изнесе за убиството на Чарли Кирк, конзервативен активист кој беше убиен минатата недела на собир во Јута, наидоа на остра критики од страна на шефот на Федералната комисија за комуникации.

Претходно, медиумската компанија „Некстар Медиа Груп Инк“ објави дека ќе престане да ја емитува емисијата на своите 32 филијали на „Еј-би-си“, наведувајќи ги како причина коментарите дадени од Џими Кимел, објавува Ројтерс.

Претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, претходно ги повика локалните радиодифузери да престанат да ја емитуваат емисијата на „Еј-би-си“. Како што се наведува, Кар предложил комисијата да започне истрага и дека радиодифузерите потенцијално би можеле да бидат казнети или да ги изгубат своите лиценци ако постои образец на „искривени“ коментари.

– Ова е многу, многу сериозно прашање за „Дизни“ во моментов. Можеме да го направиме ова на полесен или на потежок начин – рекол Кар во интервјуто за поткастот со конзервативниот коментатор Бени Џонсон, кое се емитуваше во среда.

Да потсетиме, Чарли Кирк беше убиен на 10 септември додека се обраќаше на студентите на Универзитетот во американската држава Јута.

Осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен и против него е покренато обвинение за убиство.

Сликата што никогаш нема да се заборави: Сведоштвата од Универзитетот „Јута Вали“

САД ги укинуваат визите за оние што ја слават смртта на Чарли Кирк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот