
„ЕГЗИТ“ контра Ѓорѓиевски: Не го селиме фестивалот во Скопје
Од фестивалската групација „Егзит“ денеска се огласија и официјално демантираа било какво „селење“ на фестивалот во Скопје следната 2026 година, и додадоа дека настан нема да има ниту во Египет, ниту во Србија поради тоа што им било одбиено државното финансирање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак, до овој момент, во нивните официјални профили не е објавена конкретна најавa за Скопје, само демант дека фестивалот трајно се сели од Нови Сад, што е контра најавите на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој вчера децидно и гордо најави дека „ЕГЗИТ“ следната година доаѓа во Скопје.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто,“ изјави вчера градоначалникот на Кисела Вода.
Претходно, од „EXIT“ најавија глобална турнеја во 2026 година со создавање нови фестивали на повеќе локации ширум светот.
Директорот на фестивалот, Душан Ковачевиќ за српската Н1 изјави дека поради, како што вели, државната репресија во Србија, биле приморани да ја откажаат манифестацијата и додаде дека во моментот се разгледуваат дестинации кои ќе бидат дел од светската турнеја наредната година.
„Откако објавивме дека поради државната репресија сме принудени да ја напуштиме Србија, добивме бројни повици од сите делови на светот да ги организираме фестивалите токму таму. Во моментов разгледуваме кои дестинации ќе станат дел од глобалната турнеја на Exit во наредната година, за што наскоро ќе ја известиме јавноста, а за нашата верна публика во Србија подготвуваме посебни изненадувања,“ изјави за српската Н1 основачот и директор на фестивалот, Душан Ковачевиќ.