фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Едоардо Бове веќе нема да може да игра во Серија А

Едоардо Бове нема да може да ја продолжи фудбалската кариера во Италија, која забранува играње со дефибрилатор, а на Бове поради тоа му се заканува раскин на договорот со Фиорентина.

На играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове (22), кој доживеа срцев удар за време на натпреварот Фиорентина-Интер во неделата, му беше вграден пејсмејкер во болницата Кареги во Фиренца.

Бове се надева дека ќе ја продолжи својата фудбалска кариера барем во странство, пишува денеска Гаѕета дело Спорт.

Инаку, Бова ќе има операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.

Бове колабираше за време на неделниот домашен меч против Интер, а истиот беше прекинат откако беше пренесен во болница со возило на брза помош. Навивачите на Фиорентина со голем транспарент му ја покажаа поддршката на натпреварот против Емполи во Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот