Туфахии, Фото: Инстаграм

Едноставен рецепт за туфахии, вкус што се памти со години

Ако не сакате „тешки“ торти со печени кори и многу чоколадо, туку преферирате овошни варијанти, специјалитетот на босанската кујна е вистинскиот избор за вас.

Туфахии се вистинска енергетска бомба која го гали непцето, а нивниот вкус тешко се заборава.

Овој деликатес се подготвува едноставно и релативно брзо, а е совршен за оние кои преферираат овошни десерти.

Состојки:

– 10-13 јаболка
– 1 литар вода
– 500 грама шеќер
– 200 грама мелени ореви
– 1 децилитар слатка павлака
– 1/2 лажичка цимет
– 1/2 лажичка ѓумбир во прав
– 1/2 лимон
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 2 ќесички шлаг
– сечкани ореви

Подготовка:

Пред сѐ, излупете ги јаболката. Потоа направете сируп, така што во сад ќе ги ставите водата, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер и варете додека не се растопи шеќерот.

Потоа, додадете ги јаболката да бидат едно до друго за да можат да се вртат при готвењето.

По десет минути варење, извадете ги јаболката од сирупот. Внимавајте да не ги преварите.

Во друг сад ставете слатката павлака и 50 грама шеќер, па варете додека не се растопи. Тргнете од оган, па додадете ги мелените ореви, циметот и ѓумбирот.

Со оваа топла смеса наполнете ги јаболката и наредете ги на сад на кој преходно сте ставиле малку од сируп во кој се вареле јаболката.

Оставете ги јаболката да се изладат.

Потоа изматете го шлагот и украсете ги јаболката со шлаг и сечкани ореви.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот