
Една состојка го прави подварокот повкусен: Ќе биде покремаст, посочен, подобар дури и од сармата
Зимата наголемо пристигна, што е знак дека многу домаќинки веќе подготвуваат „зимски јадења“, меѓу кои е и прочуениот подварок. Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за подготовка на ова старинско јадење.
Препорачано
Состојки:
– околу 2,5 кг кисела зелка
– околу 200 мл масло
– месо по избор (на пример, чадено свинско, домашни колбаси, сланина, свежо месо)
– 1/2 лажица билен сушен зачин
– 1 лажица црвена, ситна пиперка
– 1/2 лажица листови од магдонос
– неколку ловорови листови
+ Сенф
Една лажичка сенф може целосно да го промени вкусот на подварокот. Секогаш е подобро да додадете поквалитетен сенф, но не претерувајте. Доволна е една лажичка. Се разбира, сè добро измешајте и додајте го на почетокот на готвењето.
Подготовка:
Во тава загрејте половина мерка масло, па додајте ги сланината, колбасот и свежото месо да се пропржат од сите страни.
Извадете го месото, па сипете го маслото од печењето во подлабоко тенџере. Кога ќе се загрее маслото, ставете ја целата зелка, додајте ги зачините и оставете зелката да се пропржи. Во текот на пржењето додајте уште малку масло за да не се лепи. Пржете 20 минути, а откако ќе се испржи, соединете ја со месото. Во глинен сад или лонец наредете ред зелка, па ред месо и така до крај.
Зелката треба да биде одозгора. Во текот на редењето додајте ловоров лист. Покријте сè со алуминиумска фолија, а потоа со виљушка направете неколку дупки во фолијата.
Печете еден час на 200 степени. По еден час извадете ја фолијата и вратете да се допече уште 30 минути.