Фото: facebook

Една година нема градење во Автокоманда, новите згради се товар за водоводната мрежа

На вчерашната седница на Советот на Општина Гази Баба донесе Одлука за начинот на применување на ДУП-овите во просторот на Градска четврт ССИ 09, поточно во населбата Автокоманда. Според оваа одлука се прекинуваат сите постапки доставени преку системот е-дозволи за подготвителни работи и издавање решенија за градба.

Како што информира градоначалникот Бобан Стефковски оваа одлука се однесува на територијата опфатена со деталните урбанистички планови за оваа четврт и ќе важи една година од денот на нејзиното донесување. Притоа, одлуката не се однесува на барањата за реконструкција или адаптација.

За нечии зелени бавчи и дворови, пола Скопје секојдневно со часови е без вода

Градоначалникот вели дека во Автокоманда во изминатиот период била дозволена изградба на нови објекти и надградба на постојни станбени згради согласно со важечките Детални урбанистички планови, а со тоа значително се зголемил бројот на жители, како и притисокот врз водоводната мрежа, јавниот паркинг и квалитетот на живот во населбата.

Ова е чекор кон хумана урбанизација и подобар животен стандард за жителите. Последиците од неодговорното урбанистичко работење во минатото ги чувствуваме денес. Затоа мораме да донесуваме храбри и одговорни одлуки – во интерес на граѓаните и одржлив развој на нашата општина.  Апелирам и барам, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ итно да преземат мерки во насока со надминување на проблемот со недостатокот на вода во урбаниот дел од општината и тоа во Автокоманда, Железара, Маџари, Ченто и Хиподром, вели Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот