
Единствената болница за лекување рак во Газа престана да работи
Единствената болница за рак во Газа престана да работи, соопштија здравствените власти. Болницата за турско-палестинско пријателство беше принудена да ги прекине сите услуги откако остана без гориво, изјави нејзиниот директор. „Бараме од светот да не ги остава болните од рак на сигурна смрт бидејќи болницата не работи“, рече Субхи Скаик. Палестинскиот министер за здравство Маи ал-Каила ги потврди изјавите на директорот.
Препорачано
Тој рече дека со ова вкупниот број на затворени болници во регионот се искачи на 16 од вкупно 35. „Животите на 70 болни од рак во болницата се во сериозна опасност“, рече тој и додаде: „Бројот на болните од рак во Појасот Газа се околу 2000. Живеат во катастрофални здравствени услови поради израелската агресија на Појасот и раселувањето на голем број луѓе“.
Очајните хуманитарни услови во регионот предизвикаа голема загриженост ширум светот бидејќи храната, горивото, водата за пиење и лековите се во недостиг, а болниците се борат да ги лекуваат жртвите. Хуманитарните агенции го повикаа Израел да дозволи испорака на гориво до опколената енклава, но Израел одби поради загриженоста дека ќе биде преземен од Хамас.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5